Заразени, изгласани, хакирани...

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп ги шокираше членовите на неговата кампања со смената на менаџерот за кампањата Бред Парксејл со ветеранот на конзервативците Бил Сепијен.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, при што се регистрирани 94 нови случаи на ковид-19, а регистрирани се и 8 смртни случаи.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ден по предвремените парламентарни избори, изјави дека неговата партија има најголем кребилитет да формира влада и дека нема да прифати никакви услови за формирање нов владин состав. На тоа од СДСМ реагираа дека Мицкоски не знае да брои штом се прогласува за победник со помалку освоени мандати.

ГРЦИЈА - Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на лица од Северна Македонија, јави МИА од Атина.

РУСИЈА - Портпаролот на Крмљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира патување за Њујорк на седницата на Генералното собрание на ОН и средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

ПОЛСКА - Граѓанска платформа, најголемата полска опозициска партија, денеска и официјално ќе побара неодамнешните претседателски избори да бидат прогласени за неважечки заради употребата на државните ресурси во кампањата на претседателот Анджеј Дуда, јави германската новинска агенција ДПА.

ФРАНЦИЈА - Француските пратеници ѝ изгласаа доверба на новата Влада откако новиот премиер Жан Кастекс ја претстави општата политика на неговиот кабинет.

БУГАРИЈА - Од денеска почна да важи забраната за влез во Бугарија за сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство. Забраната е привремерна мерка како последица на влошената епидемиолошка ситуација со коронавирусот во Македонија.

САД - Официјалните профили на Твитер на ознати личности, милијардери, политичари и на некои од најголемите светски компании ноќеска беа хакирани. Меѓу хакираните се налозите на Илон Маск, Бил Гејтс, Барак Обама, Џо Бајден, Мајк Блумберг, компаниите Епал, Убер...