Новата француска Влада доби поддршка од пратениците

Француските пратеници ѝ изгласаа доверба на новата Влада откако новиот премиер Жан Кастекс ја претстави општата политика на неговиот кабинет, пренесе Ројтерс.

Владата на Кастекс доби поддршка од 345 пратеници, од вкупно 577 пратеници колку што брои Националното Собрание. Против гласаа 177, воздржани беа 43 пратеници, а останатите не гласаа.

„Ние имаме 600 дена пред нас, 600 дена за да ги заштитиме Французите“, изјави од говорницата премиерот Кастекс.