Фронтекс започна операција во Црна Гора, втора надвор од ЕУ

припадник на Фронтекс

Европската агенција за гранична и крајбрежна стража - Фронтекс, чија главна задача е да ги штити надворешните граници на Европската унија, започна операција во Црна Гора на 15 јули. Toа e втора операција на агенцијата надвор од ЕУ. Според порталот „Балканска мрежа за безбедност“, Црна Гора e втора земја на Западен Балкан, по Албанија, каде што ЕУ започнува мисија за подобрување на граничната контрола и борба против илегалната миграција, а потоа следат Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина.

Усвоени договорите за ФРОНТЕКС со Србија и Црна Гора

Според Фронтекс, неколку полицајци ќе бидат распоредени во Црна Гора, како форма на помош на црногорските погранични власти, на границата со Хрватска. Во наредните недели, присуството ќе биде проширено и на поморската гранична контрола, вклучително и поддршка за задачи за пребарување и спасување. Главната цел на операцијата е борба против прекуграничниот криминал, криумчарење мигранти, трговија со луѓе, фалсификување лични документи, украдени возила и бродови, како и спречување на шверц на дрога, оружје и борба против тероризам.