Времето денеска: сончево со умерена облачност

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во источните и понекаде во северните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Дневната температура ќе биде од 22 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 31 степен.