Запалени бродови во иранско пристаниште

Се запалиле неколку бродови во иранското пристаниште Бушхер во Персискиот Залив, јавија локалните ирански медиуми.

Официјалната новинска агенција ИРНА објави фотографија на која се гледа црн чад како се издига над бродоградилиште во јужното пристаниште додека пожарникарите се борат со пожарот.

Полуофицијалната новинска агенција Тасним јавува дека засега нема податоци за жртви.

Според извештаите, најмалку седум бродови биле оштетени во пожарот.

Овој инцидент е последен во низата пожари и експлозии на воени и цивилни цели низ Иран во последните неколку недели.

Две експлозии го потресе главниот град Техеран кон крајот на јуни, едната во близина на воена локација, а другата во здравствен центар, во која имаше и 19 жртви.

Пожар, исто така, избувна во иранската нуклеарна централа Натанц во Иран на 2 јули, соопштија официјалните лица.

Највисокото тело за безбедност на Иран соопшти на 3 јули дека причината за пожарот