Нови 198 случаи на заразени со ковид-19, четири починати

Тестирање за Ковид-19

Нови 198 случаи на заразени со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1382 тестирања. И натаму најголем број на новозаразени има во Скопје -83. Потоа следуваат Свети Николе со 27, Штип со 21 заразен, Куманово 12, Битола -11, Госитивар-10,Тетово -9, Радовиш со 7 заразени, по тројца новозаразени има во Струга, Охрид, Демир Хисар, во Прилеп, Пробиштип и Велес има по двајца и по еден случај е регистриран во Дебар, Кочани и Кичево.

Загриженостa од недостигот на храна расте поради пандемијата

Во изминатите 24 часа починале четири луѓе, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.