Втор ден протести за поддршка на руски опозициски гувернер

Протести во знак на поддршка на уапсениот руски гувернер Сергеј Фургал на 12 јули 2020 година

Стотици демонстранти повторно излегоа да протестираат во рускиот источен град Кабаровск во знак на поддршка на уапсениот гувернер Сергеј Фургал. Тие протестите, демонстрантите маршираа до седиштето на Федералната служба за безбедност извикувајќи „ Слободен Фургал“, повикување кое се однесува на ослободување на гувернерот кој пред два дена беше уапсен под обвинение за нарачување на убиства кои се случиле пред една деценија.

Уличните протести и гневни демонстранти против Кремљ е невообичаена појава со оглед на тоа што овој град е далеку од руската престолнина. Дополнителн Кремљ ги маргинализираше сите политички опозициски ентитети во земјата. Протестите беа масовни, и доаѓаат по референдумот на кој се гласаше за уставни измени со кои досегашниот претседател Владимир Путин може да остане на власт до 2036 година.

Тој се изјасни за невин по обвинувањата дека е инволвиран во нарачки на убиства и обиди за убиства на неколку бизнисмени во 2004 и 2005 година. Фургал го победи Вјачеслав Шпорт на изборите во 2018 година што предизвика големо вознемирување кај владејачката партија Обединета Русија.