Талибанци извршиле вооружен напад во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека четворица војници загинале при вооружен напад на Талибанци во централниот дел на државата. Нападот се случил утринава во областа Пато, провинцијата Даикунду, која е релативно мирна област во висорамнина. Локалните власти соопштија дека при судирот со Талибанците, загинале четворица авганистански војници и 12 милитанти. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Вчера вкупно 15 цивили загинаа во одделни напади и инциденти во три области. Во последниве неколку недели се убиени стотици припадници на безбедносните сили на Авганистан, при напади кои и натаму ги организираат Талибанците.
Претседателот на Авганистан Ашраф Гани на 6-ти јули предупреди идека продолжувањето на насилството од страната на Талибанците претставува „сериозна закана“ за мировниот договор.