Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ со осуда за новата „бомба“

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое го испрати до медиумите го осудува нечесниот пристап кон нив, незаконското снимањето и објавувањето на разговори кои, како што посочуваат, се водени на средба со претседателот на партијата Христијан Мицкоски која се одржала во канцеларијата на координаторот Никола Мицевски во Собранието. Тие бараат надлежните органи да истражат кој, како и зошто ги снимал средбите.

„Како пратеничка група, се оградуваме од ваквите игри кои очигледно се нова режија на некој кој покрај нас, бил присутен на средбата, со цел наше деградирање. Во однос на снимките, појаснуваме дека на „Јутуб“ се објавени само исечоци од по неколку секунди, а пак средбата и разговорот со господинот Мицкоски траеше подолго“ се вели во соопштението.