Денеска се очекува пресудата дали Аја Софија ќе стане џамија

„Аја Софија“ во Истанбул

Највисокиот турски административен суд, Советот на државата, денеска треба да ја објави одлуката за тоа дали претворањето на „Аја Софија“ во Истанбул во музеј е незаконско. Во прашање е законитоста на одлуката донесена во 1934 година, една деценија по создавање на модерната секуларна турска република под Мустафа Кемал Ататурк, античката градба да се претвори во музеј. Ваквиот потег го отвора патот за нејзина обнова како џамија и покрај меѓународните забелешки и критики.

Ердоган: Критиките за „Аја Софија“ се напад врз турскиот суверенитет

Претседателот Реџеп Таип Ердоган предложи да и се врати статусот на џамијата која е на списокот на Светското наследство на УНЕСКО и е еден од најпосетуваните споменици во Турција. Официјален претставник на владејачката партија АКП на Ердоган, која има исламистички корени рече дека одлуката „во корист на анулирање“ се очекува денеска.