Почнува пријавувањето за сместување во студентските домови

Илустрација - Студентски дом Стив Наумов

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на редовни студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во земјава за студиската 2020/2021 година.

Во 12 сместувачки објекти слободни се вкупно 5419 места. Од нив, за студенти запишани во прва година се наменети 1083 легла, а за студенти кои се запишани од втора до шеста година и за апсолвенти се слободни 4336 места. Во пет студентски домови и сместувачки објекти во Скопје слободни се вкупно 4015 легла за студенти, од кои најголем број (1216) се во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Во Битола има 385 места, во Охрид 226, Прилеп 333 и во четири објекти во Штип вкупно има 460 места за сместување. Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-страницата www.konkursi.mon.gov.mk и може да конкурираат за прием само за еден студентски дом.