Денеска завршува пријавувањето за гласање на корона позитивните

илустрација

Лицата кои се наоѓаат во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 или им е одредена изолација имаат рок до денеска можат да се пријават за гласање, кое, согласно протоколите за заштита од коронавирусот, ќе се спроведе на 13 јули. Лицата во изолација и позитивните на ковид-19 кои сакаат да гласаат треба преку полномошник или по електронски пат да достават известување и копија од решение за карантин или самоизолација, издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, до Општинската изборна комисија во местото каде постојано живеат.

Ќе ја намали ли корона вирусот излезноста на изборите?

На денот кога овие лица ќе гласаат, посебни избирачки одбори ќе ги посетат и гласањето ќе биде спроведено според посебни строги протоколи за заштита од коронавирусот.