Кризата предизвикана од коронавирусот ќе ја зголеми невработеноста во голем дел од развиениот свет далеку над нивото од времето на глобалната финансиска криза во 2008 година, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
ОЕЦД потсетува дека во октомври 2009 година, по финансиската криза, стапката на невработеност беше 8,7 проценти.
Опоравувањето, најверојатно, ќе биде постепено, се забележува во годишниот извештај за вработување, потврдувајќи ја проценката дека стапката на невработеност треба да биде 9,4 проценти на крајот на годината, а да се намали на 7,7 проценти на крајот на 2021 година.