Северна Кореја не планира да седне на преговарачката маса со САД, се вели во изјавата објавена од генералниот директор на Одделот за американски работи при севернокорејското МНР, Квон Јонг Гун, пренесе агенцијата КЦНА.
Претходно, првиот заменик министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон-хуи, во коментар за извештаите за потенцијалниот самит со САД изјави дека Пјонгјанг не треба да одржува разговори со САД, јави АП.