Времето денеска: променливо облачно

Претпладне и околу пладне ќе биде променливо облачно со локален дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневната температура ќе биде од 21 до 32 степена. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 26 степени.