Во Ирак откриена масовна гробница со над 100 тела

Илустрација - Ирачки војници на контролен пункт

Во северен Ирак е пронајдена масовна гробница, во која се верува дека се закопани телата на повеќе од стотина лица, кои најверојатно биле убиени од припадници на Исламска држава во Ирак и Левант, пренесе АП.

Гробницата била пронајдена во понеделникот во селото Хамејдат, западно од Мосул, шест години откако ИД го самопрогласи калифатот, што се протегаше од источна Сирија до северен и западен Ирак.

„Форензичарите почнаа истрага, но епидемијата на коронавирусот ги запре ископувањата“, изјавија официјални лица во Мосул.