Помпео не ја исклучува можноста Путин да биде поканет на Самитот на Г7

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео не ја исклучи можноста претседателот на Русија да биде поканет на проширениот Самит на Групата седум индустриски најразвиени земји, но даде дека ги сфатил како „сериозни“ активностите на Москва во Авганистан.

„Претседателот е тој кој одлучува кого ќе покани на Самитот“, изјави Помпео, во време кога претседателот Доналд Трамп е критикуван поради желбата да го повика Путин на Самитот, и покрај обвинувањата дека Москва наводно им нудела парични награди на талибанците за убиство на американски војници во Авганистан.

Помпео рече дека е важно САД да имаат почести контакти со Русија.

Американските медиуми пренесоа дека руски агенти делеле пари на луѓе блиски до талибанците за да убиваат американски војници во Авганистан.

Русија и талибанците ги демантираа тие информации, но Помпео рече дека САД многу одамна ги следат руските активности во Авганистан.