Нови протести во Хонг Конг, полицијата врати со водени топови

На денешните протести биле уапсени 30 лица - Хонг Конг, 1 јули 2020 година.

Полицијата во Хонгконг денеска употреби водени топови за да растера помали групи демонстранти, а на мета биле и новинари. Биле уапсени 30 лица во протестите кои се одржуваат еден ден по усвојувањето на законот за национална безбедност од страна на кинескиот Парламент, објави германската новинска агенција ДПА.

Голем број полициски сили се распоредени денеска низ улиците на градот по повод 23-годишнината од враќањето на некогашната британска колонија под управа на Кина. Кинеските власти првпат оваа година го забранија традиционалниот марш во Хонгконг по повод овој настан.

Парламентот во Пекинг вчера го усвои спорниот закон за национална безбедност, со кој се казнуваат субверзивни активности, сецесии, тероризам и договарања со странски сили. Со овој закон кинеското правосудство ќе биде надлежно за „тешки“ кршења на безбедноста, а за таквите дела е предвидена доживотна затворска казна.