По горештините, од утре пороен дожд, грмежи и ветер

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре попладне се најавува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Синоптичарите очекуваат и поинтензивни процеси во форма на локално невреме. За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пад на дневната температура.