Ременски бара изземање на Русковска од случајот „Меѓународен сојуз“

Архивска фотографија - Обвинителката Вилма Русковска во Суд за случајот „Рекет“

Третобовинетата во случајот „Меѓународниот сојуз“, Фросина Ременски, денеска изјави дека до Јавното обвинителство поднела барање за изземање на јавната обвинителка Вилма Рускоска од случајот за Меѓународниот сојуз, за кој денеска почнува судењето.

„Денеска пред почетокот на судското рочиште за Меѓународниот сојуз во кој што сум третобовинита, во Јавното обвинителство поднесов барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи имаме цврсти докази дека има селективност на основниот јавен обвинител, преку кршење на правата на мене, и во делот на попречување на правдата која е во надлежност на постапување на други институции“, рече Ременски.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски - Боки 13, а обвинети се и неговиот татко, Миле Јовановски, потоа Јасна Мандиќ, Христина Блажевска и пратеничката Ременски. Според Обвинителството, тие се обвинети дека „ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект за изградба на домови за стари лица, за што дале над еден милион евра“.