Фаучи: во САД може да дојде и до 100.000 заразени од ковид-19 дневно

д-р Ентони Фаучи

“Соединетите држави очигледно не го контролираат ширењето на коронавирусот”, предупреди д-р Ентони Фаучи, раководител на Националниот институт за алергија и заразни болести во Сенатот оценувајќи дека тој е „многу загрижен затоа што може да биде многу лошо“. Фаучи, кој исто така е член на група на Белата куќа за коронавирусот, додаде дека „не би се изненадил“ ако во земјата бројот на нови случаи достигне 100.000 дневно.

Карантин за политизацијата на ковид-19

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел пак ги предупреди конгресмените за „исклучително неизвесниот“ момент со кој се соочува американската економија. „Целосното закрепнување е малку веројатно додека луѓето не се сигурни дека е безбедно повторно да се вклучат во широк спектар на активности“, рече Пауел.