Во Словенија уапсен вицепремиерот, Фајон бара оставка од Јанша

претседател на словенечките социјалдемократи Тања Фајон

Приведувањето на словенечкиот министер за економија и вицепремиер Здравко Покавалец, првиот коалициски партнер на премиерот Јанез Јанша, ја тресе словенечката политичка сцена, при што опозицијата бара предвремени избори или гласање доверба на владата. „Наместо владата да се занимава со проблемите на луѓето, сите ние треба да се справиме со криминални работи што ги достигнуваат нејзините врвови“, се вели во соопштението на новиот претседател на словенечките социјалдемократи Тања Фајон, додавајќи дека оставката на министерот за внатрешни работи Алеш Хојс не е доволна за аферата со медицинска опрема, туку дека целата влада треба да си даде оставка затоа што веќе нема морален легитимитет.

Јанша ги тргна Здруженијата на партизаните од прославата на Денот на државноста

"Го повикувам Јанез Јанша да си даде оставка и да даде можност за нова влада која веднаш ќе започне со работа и ќе добие доверба; луѓе“, наведува Фајон. Според словенечките медиуми, некои други лидери на опозицијата исто така веруваат дека владата го изгубила целиот легитимитет заради измамата при набавка на медицинска опрема за ковида-19.