Кинескиот парламент го усвои законот за Хонг Конг

од протестите во Хонг Конг, 28.06.2020.

Националниот постојан комитет на Кинескиот народен конгрес едногласно го донесе законот за национална безбедност за Хонг Конг, потег за кој критичарите велат дека ќе ги поткопа човековите права во полуавтономната територија. Новиот закон за безбедност наиде на сериозни критики и од западните влади и е во центарот на протестите во градот. Противниците изјавија дека тоа ќе ги задуши политичките слободи, со оглед на тоа што слични закони се користат за справување со несогласувањата во останатиот дел на Кина.

Марш во Хонг Конг за одбележување на годишнината од антивладините протести

„Тоа го означува крајот на Хонг Конг што светот го знаеше досега“, напиша на Твитер истакнатиот про-демократски активист Џошуа Вонг, додавајќи: „Ако мојот глас нема да се слушне наскоро, се надевам дека меѓународната заедница ќе продолжи да зборува за Хонг Конг и да ги засили конкретните напори за да го одбраниме нашиот последен дел од слободата“. Пекинг го воведе законот како одговор на минатогодишните продемократски протести под образложение дека е потребно да се врати стабилноста во Хонг Конг.