Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 10 милиони

Илустрација- лекарка во Сао Паоло

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина десет милиони, а бројот на починати достигна речиси 500 000. Во меѓувреме расте бројката на заболени и во Соединетите Американски Држави. Агенцијата Ројтерс, врз основа на свои податоци, денеска јави дека бројот на заболени надминал 10 милиони, додека универзитетот Џон Хопкинс наведува бројка од 9,98 милиони луѓе.

Ситуацијата во САД се влоши откако некои гувернери одлучија брзо да се отворат баровите и плажите , а според претпоставките на Aгенцијата за јавно здравје бројот на заболени може да е и до десет пати повисок од откриените случаи. Покрај во Америка, висок број на дневно заразени има и во Бразил, 38 693 случаи и 1109 починати во текот на вчерашниот ден. Таа држава е втора по САД по бројот на заболени, односно вкупно 2,5 милиoни заболени и 125 000 починати.