Меркел, Бибер и Шакира собираат донации за вакцина за коронавирусот

Архивска фотографија- германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел, поп ѕвездите Џастин Бибер и Шакира се дел од учесниците на самитот за собирање пари за развивање вакцина, тестови и лекови за новиот коронавирус. Претседателката на Европската комисија Урсула вон дер Лејен ќе го отвори самитот за собирање пари денеска попладне.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе учествуваат на настанот заедно со актерот Двејн Џонсон, поп ѕвездите Шакира, Колдплеј, Ашер, Мајли Сајрус, Џастин Бибер и други кои ќе настапат на концертот по самитот.

Целта на самитот и на концертот е да мобилизираат фонд за вакцини, тестови и третман за коронованирусот. До денеска комисијата има собрано 10 милијарди за развој на вакцина, соопштија од таму. Концертите ќе бидат пренесувани на интернет.