Граничниот премин Богородица отворен, Евзони затворен за влез во Грција

Граничниот премин Богородица-Евзони на македонско-грчката граница

Македонскиот граничен премин Богородица од денеска е отворен за излез и влез во државата, но грчката граница Евзони останува затворена за влез на туристи и патници.

Од дежурната гранична служба утрово информираа дека грчките гранични службеници денеска повторно ги враќале назад сите туристи, и оние од Шенген зоната и ЕУ. Според дежурната гранична служба, за влегување во Грција ги насочувале да патуваат преку Бугарија, а преку Евзони моментално е дозволен само излез на сите што заминуваат од државата.

Грција на 1 јули ќе го отвори граничниот премин Евзони

Исклучок за влез во Грција се прави само за патници кои имаат регулиран престој во Грција, како и за транзитниот сообраќај кој се одвива како во нормални прилики.

Од утринава, според дежурната гранична служба, преку Богородица влегле десетина грчки возила. Грција најави дека граничните премини за македонските државјани најверојатно ќе бидат отворени на 1 јули.