Харадинај: Веруваме во невиноста на Тачи и Весели

Рамуш Харадинај

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово Рамуш Харадинај, по повод информацијата дека Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово може да покрене обвинение за воени злосторства против претседателот на државата Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, порача дека е убеден оти Тачи и Весели се невини и оти борбата на косовските Албанци против српските сили во 1998-99 година беше борба за слобода. Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и доскорешен премиер, во објава на својот Фејсбук порача дека неговите соборци и соработници од војната „водеа чиста војна, која резултира со слобода и формирање на Република Косово“.

Тачи ја откажа средбата со Вучиќ во Белата Куќа

Специјалното обвинителство за Косово, со седиште во Хаг, покренало обвиненија против Тачи, Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и за воени злосторства, вклучително и убиства. Обвинителството од Хаг објави соопштение во кое се наведува дека на Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, на 24 април им е доставено споменатото обвинение, а дека истото треба да го потврди судија во претходна постапка.