Тачи ја откажа средбата со Вучиќ во Белата Куќа

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја откажа посетата на Белата Куќа каде што требаше на 27 јуни да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ за разговори околу нормализирање на односите. Ова доаѓа откако денеска беше објавена информацијата дека против него е покренато обвинение во Хаг за воени злосторства.

Од кабинетот на Тачи, по објавувањето на оваа информација соопштија дека тој ќе го скрати своето патување во САД и ќе ја откаже закажаната средба на 27 јуни, при што во Косово ќе се врати на 25 јуни. Поднесеното обвинение од 10 точки се однесува на низа злосторства против човештвото и воените злосторства“ наводно извршени за време на или по косовскиот конфликт во период од 1998-99 година.

Хашкото обвинителство го гони косовскиот претседател Тачи за воени злосторства

Обвинението било поднесено на 24 април, но Обвинителство ги соопшти јавно деталите два месеца подоцна. Во нивното соопштение е наведено дека обвинителниот акт е резултат на долга истрага и дека тие се уверени оти ќе можат да ги докажат обвиненијата за кои се товари Тачи. Меѓу осомничените е и поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Кадри Весели. И двајцата претходно демантираа инволвираност во какви било воени злосторства.

Обвинителот обвини дека Тачи и Весели со постојани напори се обидувале да „ја опструираат и поткопаат работата на Специјалното обвинителство“.

Тачи и Весели беа команданти на Ослобидителната војска на Косово, која се бореше против безбедносните сили на Белград во конфликтот во 1998 – 99 година.

Тачи се сомничи за одговорност за злосторства врзстотина познати жртви на косовски Албанци, Срби, Роми и други етнички групи како и политички противници“.

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинајна својот профил на социјалната мрежа Фејсбук изрази уверување дека и двајцата се невини, затоа што УЧК се борела во „чиста војна“ која резултирала со независно Косово.