Три жртви, стотици евакуирани од поплавите во Украина

Поплави во Украина

Три лица загинаа поради обилните врнежи од дожд во Украина, а стотици лица беа евакуирани од нивните домови. Поплавите ги зафатија западните делови на земјата.

Украинскиот премиер Денис Шмихал и министерот за внатрешни работи Арсен Авков го посетија регионот каде се поплавени околу 5000 куќи во 187 села. Авков изјави дека од почетокот на врнежите од дожд биле евакуирани 800 луѓе, иако многу од жителите на поплавените региони останале за да го заштитат нивниот имот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се соочуваат со најголемите поплави во последните години, а 4 хеликоптери, еден авион и 150 војници се распоредени во зафатените региони.