Во Москва воена парада за 75 годишнината од победата над фашизмот

Денеска во Москва ќе се одржи воена парада, по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека на Црвениот плоштад ќе учествуваат 14.000 лица и оти ќе бидат прикажани 200 воени возила единици и специјална опрема, како и 75 авиони. „Посетителите ќе можат да видат повеќе од 20 нови модели на воена опрема, вклучувајќи ги и авионите Су-57 и Миг-31К“, изјави министерот Шојгу.

Вучиќ од Москва - Путин ќе ја посети Србија во октомври

Годинашната парада која традиционално се одржува на 9 мај беше одложена поради епидемијата на коронавирусот. Претседателите на Франција, Чешка и Хрватска изјавија дека планирале да присуствуваат на парадата на 9 мај, но откако била преместена на 24 јуни, тие ги откажале плановите за патување во Москва. Парадата ќе ја проследат претседателите на Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Србија, Таџикистан и Узбекистан.