Денеска ќе биде објавена книгата на Болтон

Американскиот претседател Доналд Трамп и Џон Болтон, Белата куќа, Вашингтон, 2018.

Книгата на поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон денеска ќе биде објавена и покрај обидите на адвокатите на Белата куќа да го блокираат тоа. Во книгата се опишува неговото време како главен помошник на претседателот Доналд Трамп. Болтон беше отпуштен од Трамп во минатиот септември, по несогласувањата околу решенијата за американските надворешно политички предизвици како Северна Кореја, Иран, Авганистан и Русија.

Трамп во нов обид да го спречи објавувањето на книгата на Болтон

Во книгата наводно имало и информации за справувањето на Трамп со Украина во минатото лето, кога демократите го обвинија претседателот дека се обидува да го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски да покрене истрага против демократот Џо Бајден. Книгата требаше да помине низ процес на испитување од страна на адвокатите од Белата куќа. Адвокатот на Болтон Чарлс Купер, изјавидека неговиот клиент поминал низ повеќе уреднички поправки како што бараше Белата куќа за да се обезбеди дека не се откриени класифицирани информации и оти Болтон сметал дека во мај ја имал конечната дозвола, иако не добил писмо со кое се потврдува тоа.