САД и Русија во обид да го зачуваат последниот нивен нуклеарен договор

илустрација

Соединетите држави и Русија денеска треба да започнат дводневни разговори за нивниот последен голем нуклеарен договор, Новиот СТАРТ (Договор за стратегиско намалување на оружјето), кој го опфаќа бројот на распоредени нуклеарни боеви глави со долг дострел. Соединетите држави во минатата недела објавија дека врвниот преговарач за контрола на оружјето, Маршал Билингслеа, ќе патува во Австрија на разговори со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Трамп-Путин „ресет“ - дипломатија зад сцена

Русија повика на проширување на Новиот СТАРТ, со кој се ограничуваат руските и американските нуклеарни арсенали на 1.550 нуклеарни боеви глави. Тоа е последниот преостанат договор за контрола на нуклеарното оружје меѓу САД и Русија и истекува во февруари. Трамп се повлече или дозволи да истечат многу меѓународни договори, вклучително и Договорот за нуклеарни сили со среден дострел и нуклеарниот договор во Иран. Но, неговата администрација изрази генерален интерес за зачувување на Новиот СТАРТ.