Тенисерот Димитров е заразен со коронавирусот

Григор Димитров

Бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е заразен со коронавирусот. "Сакам да ги известам моите фанови и пријатели дека по моето враќање во Монако бев тестиран позитивно за вирусот корона. Секој што беше во контакт со мене во претходните денови треба да биде тестиран и да ги преземе сите неопходни мерки. Сега сум дома и се опоравувам. Благодарам за поддршката, ве молам, бидете безбедни и здрави“, напиша Димитров на социјалните медиуми.

Светскиот спорт се подготвува за враќање среде коронавирус

Во минатата недела Димитров играше во Белград на турнирот Адрија, во организација на првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а вчера се повлече од турнирот во Задар. По ова вест финалниот натпревар на турнирот Адрија во Задар меѓу Ѓоковиќ и Андреј Рублев од Русија откажан.