Осумнаесет новозаболени од КОВИД-19 во Дебар

Состанок на Кризниот штаб во Дебар

Во Дебар денеска се евидентирани нови 18 случаи позитивни на корона вирус поради што кризниот локален штаб состојбата ја оцени како мошне алармантна. Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука за радио Слободна Европа изјави дека без да се врати дициплината во почитувањето на мерките оваа бројка може и понатаму да расте.

,, Дебар покажа на почетокот на пандемијата дека со дициплина состојбата се смирува, но сега покажува дека со непочитување на дициплина состојбата се влошува бидеји рапидно расте бројот на заболените. Очигледно е дека олеснувањето на мерките делува во ширењето на вирусот, а проблем е и непочитувањето на протоклите во угостителските објекти каде што не се почитуваат мерките “, изјави Дука кој воедно е и шеф на Кризниот локален штаб.

Дебарскиот градоначалник додаде дека денеска се вршени дезинфекции во повеќе делови на градот, како на улици така и на јавни објекти и колективни згради.