Во изолација 702, а 705 луѓе не носеле маска

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 705 прекршоци за неносење лична заштита на лице, на 702 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Носењето маски, како дел од мерките за заштита од ковид-19 е задолжително во затворени простори, но и на отворено кога нема услови за одржување растојание меѓу луѓето.

Полицијата извршила контроли кај лица што се во изолација и самоизолација и утврдила дека три лица не ја почитуваат мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.