Нови 182 случаи на коронавирус во Македонија, шестмина починати

Пациенти пред болницата 8 Септември во Скопје

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 182 случаи на коронавирус во Македонија, а шестмина луѓе починаа, информира Министерството за здравство.

Најголем број од случаите се во Скопје – 107. Во Тетово има нови 23 случаи, Куманово 14, Ресен 13, Охрид 6, Струга 5, Штип и Гостивар по 4, Битола 2 и по еден нов случај во Струмица, Кочани, Берово и во Неготино.

Во болницата „8 Септември“ починале петмина пациенти заболени од коронавирус, од кои кај тројца вирусот е потврден постмортем. Еден пациент почина во болницата во Куманово.

Во последните 24 часа се направени 1348 тестирања. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти, од кои 22 од Скопје.

Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.