Дачиќ: Русија ќе поддржи решение во интерес на Србија

Ивица Дачиќ, министер за бнадворешни работи на Србија

Пред утрешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Белград, шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Русија ќе поддржи какво било решение што е во интерес на Србија и што сака Србија. Тој за ТВ Прва изјави дека смета дека „воопшто не се поблиску до решение“ за косовското прашање.

„Исто така се обидовме да дадеме неколку предлози, но тие во најголем дел наидоа на одбивање“, рече Дачиќ.

Тој додадедека оние што го организираат дијалогот мора да бидат свесни дека Србија нема да прифати решение од типот „дека ние мораме да го признаеме Косово - и да го завршиме дијалогот“.

Специјалниот претставник на САД за преговори Белград-Приштина Ричард Гренел во понеделникот објави дека владите на Србија и на Косово се заложиле за привремено прекинување на кампањата за повлекување на признавањето, односно за членство во меѓународни организации, поради состанок на претставници на двете страни во Вашингтон. Средбата е закажана за 27 јуни во Белата куќа за да се разговара за дијалогот.