Во изолација уште 336 лица, 633 казнети поради неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.

Од министерството информираат дека по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.