Ерменските пратеници му го одзедоа имунитетот на опозицискиот лидер

Ерменските законодавци гласаа за одземање на пратеничкиот имунитет на лидерот на најголемата опозициска партија „Просперитетна Ерменија“ со што се овозможува негово апсење. Собранието ја поддржа иницијативата на генералниот обвинител против опозицискиот лидер Гакир Тсарукијан поради обвинение дека купувал гласови за време на изборите во 2017 година.За опозицијата станува збор за политички монтиран случај за да се приведе првиот опозиционер.Тсарукијан во своето обраќање во Парламентот изјави дека тој смета оти е казнет затоа што од собраниска говорница побара оставка од премиерот Никол Пашинин и обвини дека владата ја злоупотребила кризата со коронавирусот.