Во изолација уште 860 лица, 199 во самоизолација

Човек трча пред муралот инспириран од КОВИД-19 во Скопје на 8 јуни 2020

Во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација на територијата на Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При полициските контроли е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, информираат од МВР, регистрирани се 559 прекршоци.