Временска прогноза - Сончево и топло, попладне услови за дожд и грмежи

Скопје.

Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје дневната температура ќе достигне до 31 степен.

Во текот на наредната седмица, особено од вторник повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд и грмежи.