При експлозија во џамија во Кабул загинаа најмалку 4 лица

При експлозија во џамија во Кабул за време на петочните молитви загинаа најмалку 4 лица а ранети се неколкумина, соопшти авганистанското министерство за внатрешни работи. Ниту една група не презеде одговорност за нападот. Талибанците излегоа со соопштение во кое го осудуваат нападот и тврдат дека смртта на свештеното лице што ја водело молитвата е „големо злосторство“. Специјалниот претставник на САД за Аваганистан, Залмај Калилзад неделава беше во посета на регионот со цел реанимирањена спроведувањето на мировниот договор кој Вашингтон и Талибанците го потпишаа во февруари со цел прекин на 18 годишната војна.