Времето денеска: сончево со умерена облачност

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и крајните источни делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец. Дневната температура ќе биде од 17 до 29 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 27 степени.