Шекеринска - Датумот за избори не е прашање на политички желби

Архива - министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска изјави дека прашањето за одржување на изборите е уредено во Уставот и законите и дека тоа не е прашање на политички желби или предмет на консензус на политичките партии.

Таа вели дека вонредната состојба не може да се продолжува до недогллед, бидејќи како што наведува, земјата не може да функционира без Парламент и оти треба да биде избрана влада со целосен политички легитимитет.

„Ниту една демократска држава не може да си дозволи волку долго да функционира без Собрание. Значи, прашањето на датум не е прашање на нечии желби. Прашањето на датум е прашање дали сакаме државата да ни функционира во целосен капацитет“, изјави Шекеринска.

Таа денеска присуствуваше на одбележувањето на Денот на возухопловниот ВИНГ во касарната во Петровец.