Американската новинска агенција Асошиетед прес синоќа објави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ, му дал отворена поддршка на претседателот на САД Доналд Трамп, што е ретко од некој европски лидер. „Обезбедувајќи ретка отворена поддршка од лидер во Европа, претседателот на Србија вели дека претседателот Трамп се соочува со сериозен и тежок непријател додека се обидува да ги спречи масовните протести за насилната смрт на Џорџ Флојд“, наведува АП.
Вучиќ: го поддржуваме кинескиот суверенитет
Агенцијата го цитира Вучиќ кој вели дека „се надева оти Соединетите држави ќе излезат од кризата“ и дека му посакува на Трамп „се најдобро“. Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, по полициска интервенција, предизвика масовни демонстрации против расизмот и полициската бруталност во Соединетите држави, кои со денови беа проследени со насилство. Протестите во изминативе денови се проширија и низ светот.