Столтенберг за најавеното повлекување на војниците на САД од Германија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе говори за зајакнување на Алијансата, откако Европа изрази разочарување поради најавениот план за повлекување на американските трупи од Германија.Говорот на Столтенберг, организиран од Атлантскиот совет и германскиот Маршалов Фонд, исто така, доаѓа во време на две воени вежби во Полска и Балтичко Море во кои учествуваат партнери од НАТО.

Загриженост во Германија по најавите за повлекување на дел од американските војници

Потенцијалното повлекување на трупите од Германија го објавија весниците Волстрит џурнал и Дер Шпигел во минатата недела. Тоа ги изненади некои сојузници кои велат дека планот го поткопува НАТО и ги зајакнува противниците како Русија. Објавено е дека американскиот претседател Доналд Трамп планирал да повлече од 9.500 до 15.000 американски војници до крајот на годинава. Околу 34.000 американски војници се стационирани во Германија.