Собрани 8,8 милијарди долари за имунизација во сиромашните земји

илустрација

На самитот за средства за вакцини чиј домаќин беше Британија, како што е соопштено, биле собрани 8,8 милијарди долари од меѓународни донатори, влади, компании и филантропски фондации за финансирање на програмите за имунизација до 2025 година. Виртуелниот самит, кој собра повеќе од 50 земји, го организира Глобалниот сојуз за вакцини кој соопшти дека собраните средства ќе бидат искористени за вакцинирање на околу 300 милиони деца во десетици земји против болести како што се маларија, пневмонија, ХИВ и други.

Руската потрага по вакцина за коронавирусот е под прашање

На состанокот стана збор и за финансирање на производство на идна вакцина против Ковид-19, како и поддршка за нејзина дистрибуција во земјите во развој. Обединетите нации, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Црвената полумесечина ветија дека ќе развијат вакцина за луѓето што ќе им бидат достапни на сите, велејќи дека тоа е „морална обврска“. „Вакцината против ковид-19 треба да биде светско јавно добро, вакцина за народот“, рече генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во видео обраќањето.