Ердоган ја зголеми поддршката за либиската влада

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека ќе ја зголеми поддршката за претседателот на меѓународно призната либиска Влада, Фајаз ал-Сараџ и оцени дека конфликтот во таа земја може да се реши само политички, под покровителство на Обединетите нации. На заедничката прес-конференција со Сараџ во Анкара, Ердоган рече дека Турција и Либија ќе продолжат со истражувањето и експлоатацијата на нафтата во источниот дел на Средоземното Море.

САД - Русија испраќа воени авиони во Либија за помош на платениците

Тој оцени дека командантот на силите распоредени на истокот на земјата, Калифа Хафтар, претставува најголема пречка за мирот. Силите на Хафтар, поддржани од Обединетите Арапски Емирати, Русија и Египет, од април 2019 година се обидуваат за го заземат градот Триполи, но претрпеа неколку порази во последните месеци.