Протести во Тирана, Драч и Валона против сексуалното насилство

Тирана, протест

Под мотото „За украденото детство“ вечер во Тирана, Драч и Валона, се одржаа протестни маршеви на кои учествува илјадници граѓани, главно жени заедно со нивните ќерки. До ова дојде по обелоденувањето на сексуалното злоставување на 15-годишна ученичка од страна на 65-годишен чувар на училиште. Обвинетиот, освен што тоа го правел под присила и закана дозволил девојчето да го силуваат и неколкумина адолесценти.

Вајнштајн прогласен за виновен по две точки за сексуални напади

Учесниците носеа плакати на кои најчесто пишуваше „Смрт за педофилите„ и „Сакаме правда“. Претходно на парламентарната седница пратеникот беше побарано враќање на смртната казна во Албанија. Во Албанија, според учесниците во протестниот марш, 12 отсто од децата сексуално се вознемирувани.