Клаус: Изборите во С. Македонија ќе влијаат на некои земји од ЕУ

Илустрација

Микаел Клаус, германскиот амбасадор во ЕУ, утрово изјави дека почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија се меѓу главните приоритети на претстојното германско претседателство, но посочи и дека „некои земји членки“ најавиле дека изборите ќе влијаат врз нивниот став, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Треба да ги видиме ставовите на земјите членки, не можам да кажувам имиња, но кога прашувате за изборите во Северна Македонија, дали ќе влијаат или не, слушаме од некои земји членки дека тие ќе влијаат врз нивната одлука, кога потоа ќе биде предмет на преговори во Советот“, изјави Клаус за МИА.